Институт Данте Алигиери, Скопје

ДАНТЕ 750 ЗА СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ НА XV НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ

На 19 октомври, во 18.30 часот, во Инфо Центарот на Европската Унија во Скопје, во присуство на голем број гости, дипломати, професори, студенти и членови на ДА, беше отворена 15-та Недела на италијанскиот јазик во светот, со прославување на 750 години од раѓањето на Данте Алигиери. Учество земаа Н.Е. Ернесто Масимино Белели, амбасадор на Италија во Македонија, Д-р Алесандро Мази, генерален секретар на ДА во Рим и проф. Анастасија Ѓурчинова, претседател на Институтот Данте Алигиери во Скопје. Н.Е Ернесто Масимино Белели, амбасадор на Италија во Скопје, ја отвори вечерта и ги поздрави сите присутни.

Д-р Алесандро Мази, генерален секретар на ДА од Рим, одржа говор на тема “Данте и Европа“ во којшто се осврна на неколку тези за универзализмот на Дантеовата мисла и ја истакна важноста на делото на Данте во европската историја, како и во современите европски општества. Покрај тоа, на Н.Е. Ернесто Масимино Белели, Д-р Мази му ја врачи златната медалја на Друштвото Данте Алигиери од Рим.

Проф. Анастасија Ѓурчинова, претседател на Институтот Данте Алигиери од Скопје се обрати со реферат на тема: “Данте во македонската литература“, укажувајќи на преводите на делата на Данте на македонски јазик, и неговата застапеност во македонската литература и култура. Дел од нејзиното излагање беше посветeн и на различните реинтерпретации на фигурата и делото на Дантe од аспект на модерните согледувања, при што ја почести публиката со извадок од Чистилиштето, преземен од филмот „Бескрајниот брег“ од Ламберто Ламбертини, како и со фрагмент од Пеколот, од симфонијата „Данте“ на Франц Лист.

123Она што му даде посебен белег на настанот, беше несомнено уметничката креативност на студентите од Ликовна Академија од Скопје. Учествувајќи на конкурсот за најдобар дизајн за плакат на тема “Данте 750” и тие оддадоа почит на Дантеoвата фигура, нудејќи им на гостите неповторлив спектакл од сензации и илустрации. Студентите кои што победија на конкурсот беа наградени од страна на Институтот Данте од Скопје со стипендии што подразбираат бесплатен семестрален курс по италијански јазик во нашето седиште, или попуст на истиот. Се разбира, и младите мисионери на Дантеoвото дело имаа задача да го чествуваат големиот поет, овојпат со читање на извадоци од Божествената комедија. Токму тие, студентитe по италијански јазик и книжевност од Универзитетот Св.Кирил и Методиј, нè потсетија на најубавите цитати од ова безвременско ремек-дело. По официјалниот дел, упатувајќи се кон коктелот, гостите на отворањето имаа прилика да уживаат во изложбата на плакати на студентите од Факултетот за ликовни уметности од Скопје. Разноликоста и оригиналноста во интерпретација на делото на големиот поет беa само уште една потврда за неговата големo влијание врз нас, до ден денес отпорно на временско – просторните разлики.

Среќен роденден, Поету!

Анета Симовска & Магдалена Поповска