Институт Данте Алигиери, Скопје

Наградуван во Монте Карло, на Фестивалот на комедијата, два претстојни филма, еден меѓународен проект,а сепак тој признава: “Секогаш, за време на снимањето, се чувствувам како да не сум на висина на задачата “.

Исповед на еден срамежлив секс симбол.

Убав и (не)возможен. Еден како многумина, но малкумина како него, Раул Бова  меѓу квалитетите го има и оној да биде секогаш подготвен за соработка. И да не ги крие срамежливоста и стравовите. Иако има преку дваесетгодишна кариера, години поделени меѓу филмот, театрот, телевизијата, режисерството, синхронизацијата, со низа важни соработки, од Авати до Латвија поминувајќи преку Озпетек, Торнаторе, Лукети, Лина Вертмилер, а тука се и пријателите Едоардо Лео и Масимилијано Бруно, така што денес тие прават разлика во изборот на едно од најсаканите и најбараните лица. Приликата е 12-то издание на Филмскиот фестивал на комедијата во Монте Карло, раководен од Ецио Греџо, кадешто примил една посебна награда и го претставил и последното остварување на Паоло Џеновезе “Си била ли некогаш на Месечината? “ и “Извинете што постојам “ од Рикардо Милани.

Каков успех за тебе! Би се рекло уште еден принц во Монте Карло

-Да не се шегуваме (се смее) Секогаш останувам засрамен кога ќе видам толку многу наклонетост кон мене.

На кратко ќе те видиме во “Изборот” на Микеле Плачидо базиран на “Калем“ на Луиџи Пирандело, предизвик кој бара многу труд.

-Да се чита Пирандело не е лесно, тоа е еден автор богат со многу нијанси. Овде, Микеле Плачидо го направил навистина голем “Калемот “, тој ни дозволи да ја истражуваме темата работејќи врз основа на едно совршено сценарио, што за мене е чест, оти токму мене ме избрале. Плачидо ги познава сите потешкотии на оваа уметност, знае да ти помогне, да ти влее доверба, ведрина, со него успеав да отелотворам и да вдахнам живот на еден тежок лик. Тоа ќе биде една моќна љубовна приказна, а јас ќе го толкувам ликот на мажот на Амбра Анџолини. Во овој период од мојот живот имав потреба од едно токму такво остварување.

После толку години кариера, имаш ли потреба да бидеш насочуван?

-Тоа е така, да кажеме дека најголемата пречка во мојата работа…сум токму јас. Во животот се препуштам, додека пак, за време на снимањето, сум ситничар, прецизен, ја чувствувам тежината на одговорноста со која се соочувам, дури и склон сум кон блокирање, наоѓам илјада недостатоци, се плашам дека нема да бидам на висина на задачата. Доживувам еден внатрешен неспокој којшто треба да го отфрлам со сила и почит кои му ги должам на ликот што го толкувам. Еве, токму ова емоционално празнење ме прави да одам понатаму.

RaoulBova-img2Потоа ќе те видиме и во “Сите патишта водат кон Рим “, едно малку полесно искуство

-Повторно ги искусив оние чувства како кога го снимив “Под тосканското сонце “ со Дајан Лејн. Овде си допуштив повеќе, вистина е, и ја открив Сара Џесика Паркер која навистина е една харизматична актерка. Среќата во моето занимање е тоа да имаш можност да се споредиш со меѓународни кастинзи како овој. Се надевам дека за кратко време ќе има простор и за едно мое филмско остварување кое,како режисер, го носам со себе веќе 5 години. Чекам само на вистинската енергија за да започнам да снимам.

Превод од италијански: Даниела Здравковска
Преземено од http://www.iodonna.it/personaggi/interviste