Институт Данте Алигиери, Скопје

Институтот „Данте Алигиери‘‘ од Скопје продолжува со организирање на разговорни средби на италијански јазик и со задоволство Ве поканува на втората средба која ќе се одржи на 19.11.2014 (среда) во 20:00h во седиштето на Данте на плоштад Македонија, Ристичева палата, 3 кат. Темата на втората средба е: Храна – навика и/или задоволство. 

novost2

– Целта на средбите е кандидатите да го практицираат италијанскиот јазик, преку размена на мислења, ставови и искуства на одредени теми од различни области на општествено-културното живеење на Италија. 

– Средбите ги водат двајца модератори (од Македонија и од Италија), со активно учество на повеќе Данте – членови. 

– Пријавените учесници ќе бидат известени за темата на разговорот од таа недела и ќе добијат соодветни упатства за продлабочување и подготовка на истата.- Предност за учество имаат актуелните членови на Данте (зачленети 2013/2014)- Бројот на учесници на една средба е ограничен: можност за учество ќе имаат оние ДА членови кои навремено ќе го пријават своето учество (најдоцна до вторник), електронски на: ladante.skopje@gmail.com