Институтот “Данте Алигиери” – Скопје Издавачката куќа „Магор“ – Скопје
Ве покануваат на промоција на македонскиот превод на книгата Креолизација на Европа од Армандо Њиши во присуство на авторот.
Настанот ќе се одржи на 15 септември (понеделник) во 19.30 часот во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, бул. Св. Кирил и Методиј, 52Б
Воведен збор: Анастасија Ѓурчинова
Со авторот ќе разговара: Елизабета Шелева
Ќе биде обезбеден симултан превод од италијански на македонски и обратно, од страна на Катерина Миленова, преведувачка на книгата.
Во рамки на едицијата „Современа мисла“ издавачката куќа Магор ја објави книгата „Креолизација на Европа; книжевност и миграција“ од италијанскиот книжевен критичар и професор по компаративна книжевност Армандо Њиши. Преводот од италијански јазик е на Катерина Миленова-Захариев.Книгата е составена од четири есеи во кои авторот ги анализира новите феномени во европската литература пишувана од доселеници. Њиши нуди ново согледување на компаративниот метод во проучувањето на литературата, го разгледува статусот на емигрантот во современото општество и го дефинира терминот креолизација од деколонијалистичка гледна точка.