Веќе одамна размислував на една наша награда, наше признание кое никој дотогаш го немаше замислено. Идејата за едно многустрано и демократско жири кое ги подразбира сите наши пријатели ми делуваше навистина примамливо во секоја смисла; (…) ја потврдуваше новата придобивка на демократијата.
Така Марија Белончи го раскажува зачетокот на идејата за раѓање на нова книжевна награда, која ќе ја потхрани културната преродба во Италија по Втората Светска војна. Стрега не е само со децении синоним за врвни дела, туку од 1947, е името на најпрестижната книжевна награда во Италија. Наградата Стрега е родена во литературниот салон на Гофредо е Марија Белончи, кадешто се собираче нивните посетители на „Неделни пријатели“. Денес, групата „Неделни пријатели“ ја сочинуваат над 400 членови, а меѓу првите треба да се спомнат: Де Филипо, Пазолини, Моравија, Гатузо, Бонтемпели, Пиовене, Савинио. Во корените на наградата Стрега присутна е прекрасна пријателска приказна која уште од самиот почеток ја вклучи фамилијата Алберти, преку Гуидо Алберти, индустријалец, со единствена пасија за рецитирање и добар пријател на сопружниците Белончи. Така фамилијата Алберти со години посветено ја прати организацијата на настанот и ги поддржува „Неделните пријатели“, покажувајќи дека се работи за најсензибилната италијанска компанија која ги негува културните теми. Првиот добитник на наградата Стрега бил Енио Флајано со “Време кога се убива“ на 16 февруари 1947 година и бил избран во конкуренција на 14 книжевни дела. Во годините што следат наградата Стрега станува сé поактуелна, па така, во списокот на номинирани се наоѓаат и најголемите италијански писатели од втората половина на 20-тиот век како Моравија, Еко, Моранте, Павезе, Гада, Палацески, Силоне, Томази ди Лампедуза.
Наградата секоја година му се доделува на книжевно дело кое е објавено меѓу 1 април од претходната година и 31 март од тековната година. Токму „Неделните пријатели“ се оние кои го сочинуваат гласачкото тело за оваа награда. Книгите кои се во конкуренција, секоја претставена од двајца Пријатели, се подложни на подробна селекција од страна на жирито преку две последователни гласања. На првото гласање, кое се одржува на средина на
јуни во домот на Белончи се избира петорката со финалистите. Второто гласање и прогласувањето на победникот, традиционално се случуваат во првиот четврток во јули во Нинфео во вила Џулија.
* Листа на победници на наградата Стрега во последниве 10 години:
2002 – Остани каде што си – Маргарет Мацантини
2003 – Живот – Меланиа. Џ.Мацуко
2004 – Совршена болка – Уго Рикарели
2005 – Ноќниот патник – Маурицио Маџани
2006 – Спокоен хаос – Сандро Веронези
2007 – Како што сака Господ – Николо Аманити
2008 – Осаменоста на простите броеви – Паоло Џордано
2009 – Стабат Матер – Тицијано Скарпа
2010 – Каналот Мусолини – Антонио Пенаки
2011 – Приказна за моите луѓе – Едоардо Нези
2012 – Неразделливи. Огнениот пријател на сеќавањата – Алесандро Пиперно
2013 – Истрајувањето не служи за ништо – Валтер Сити
* Голем дел од учесниците во трката за наградатаСтрега може да ги најдете во библиотеката на нашиот Институт Данте Алигиери.
Дарио Тодоровски