PLIDA
Сертификат за познавање на италијанскиот јазик ПЛИДА,
признаен од Советот на Европа
Институтот “Данте Алигиери” од Скопје овозможува полагање испит за сертификатот ПЛИДА, потребен за студирање и работа во Италија
Испитот е поделен на шест основни нивоа (А1, А2, Б1, Б2, Ц1, Ц2), според Европската референцијална рамка за јазици. Покрај овие шест нивоа постои и можност за полагање на Деловен ПЛИДА и ПЛИДА Јуниор. Сертификатот од овој испит е акредитиран од Советот на Европа, од Министерството за надворешни работи на Р.Италија, од Министерството за труд и социјална политика на Р.Италија, како и од Министерството за образование и наука на Република Италија.
За кого е наменет?
– За средношколските ученици кои сакаат да запишат на додипломски студии на некој од италијанските универзитети.
– За дипломираните студенти кои сакаат да се запишат на постдипломски студии во Италија (доколку на соодветниот универзитет се бара сертификат за познавање на јазикот)
– За сите оние што сакаат да работат во Р. Италија, каде што треба да приложат потврда за познавање на јазикот.
– За сите оние што сакаат да имаат признаена потврда за познавање на италијанскиот јазик односно да си го збогатат своето CV со меѓународно признаен сертификат.
Испитот се изведува секоја година во две сесии, во мај и ноември за регуларните испити.
Испитите Деловен ПЛИДА и ПЛИДА Јуниор се изведуваат во една сесија во јуни.
Испитите за ноемвриската сесија се закажани по нивоа за следниве датуми:
21 ноември 2013 (ниво А1, А2, Б1)
22 ноември 2013 (ниво Б2, Ц1, Ц2)
Пријавување: до 15 ноември 2013
Подетални информации во врска со условите и начинот на кој се организирани испитите, определување на Вашето ниво на познавање на италијанскиот јазик врз основа на Европската референцијална рамка за јазици, како и испити од минатите сесии можете да најдете:
● на нашата интернет страна: www.ladante.mk
● на интернет страната на Институтот „Данте Алигиери” од Рим: www.ladante.it
●да ни се обратите нам на: телефон 02 3240 494 или на
имејл адреса ladante.skopje@gmail.com
или секој работен ден од 11.00 до 13.00 часот во просториите на Институтот, во Мултимедијалниот центар при Филолошкиот факултет ..Блаже Конески”, Бул. Гоце Делчев 9а, Скопје