Во основните училишта “Кочо Рацин” и “Јохан Хајнрих Песталоци” во општина Центар, и “Христијан Тодоровски Карпош“ и “Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош, на учениците од IV и V одделение им беа доделени дипломите за успешно завршениот курс по италијански јазик од 50 часа. Заедничкиот проект “Италијанскиот јазик во основните училишта“ на Институтот Данте Алигиери со поддршка на Италијанската амбасада во Скопје, односно Министерството за надворешни работи на Италија, се […]
Во Интернационалното училиште Нова во Скопје, им беа доделени дипломи на учениците кои изминатата учебна година имаа предавања по италијански јазик и литература. Овој проект на Институтот Данте Алигиери и училиштето Нова се реализира со поддршка на Италијанската амбасада во Скопје и Министерството за надворешни работи на Италија. На церемонијата се обратија италијанскиот амбасадор во Македонија Н.Е Карло Ромео, претседателот на Институтот Ладислав Цветковски, професорката Анастасија Ѓурчинова и професорките во […]
Институтот Данте Алигиери од Скопје ја имаше единствената можност и оваа година да биде избран да учествува во проектот “La Dante al premio Strega” (Данте на наградата Стрега). Проектот предвидува гласовите во име на Асоцијацијата Данте Алигиери да бидат засновани на гласовите изнесени од горенавдените комитети. Според правилникот, секој од овие комитети треба да ги произнесе гласовите на комисија од десетина учесници. Институтот со огромно задоволоство и чест ја прифати […]