Istituto Dante Alighieri, Skopje

На 15.05.2026 година учениците од V-то одделение кои ја посетуваа наставата по италијански јазик финансиски поддржана од Министерството за надворешни работи на Република Италија, а спроведена од Институтот за италијански јазик и култура „Данте Алигиери“ во Скопје и учениците од VI-то одделение кои го изучуваат италијанскиот јазик како втор странски јазик при OОУ „Кочо Рацин“ – Скопје, ја посетија Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. По кусото разгледување на факултетот, учениците водени од маестра Валентина Милошевиќ-Симоновска и наставничката по италијански јазик Весна Попадиновски беа примени во салата на Мултимедијалниот центар при Катедрата за италијански јазик и книжевност каде имаа можност да го гледаат анимираниот детски филм „Swapped“ синхронизиран на италијански јазик со титл на англиски. Веселите и насмеани лица на учениците сведочат за успехот на посетата и соработката кои се надеваме дека ќе продолжат и во иднина.