La Società Dante Alighieri di Roma ha sempre cercato di stabilire rapporti di collaborazione con varie istituzioni, soprattutto nell’ ambito del processo di diffusione della lingua e della cultura italiana. In questo senso, è stata molto importante la collaborazione della“Dante” con L’ Istituto nazionale per il Commercio Estero ( ICE ).
L’Istituto nazionale per il Commercio Estero è l’Agenzia formata dal Governo italiano con lo scopo di sostenere l’internazionalizzazione delle imprese italiane ed i loro rapporti con le imprese dell’estero. Fondato nel 1926 con la Sede Centrale a Roma, l’ICE ha avuto un grande successo a livello di sostegno delle imprese italiane sul mercato globale. Questo viene confermato dal fatto che oggi ICE è presente in 86 paesi del mondo, tra cui anche la Macedonia, con l’ufficio a Skopie, fondato il 1 giugno 2000.
Uno dei progetti più importanti che la“Dante“ ha realizzato insieme all’ICE, è il Progetto Formazione e assistenza tecnica alle Pubbliche Amministrazioni balcaniche nel settore dell’internazionalizzazione delle Piccole e Medie Imprese, che rientra nell’ ambito dell’attuazione della Legge n.84/2001 sulla partecipazione italiana alla stabilizzazione, ricostruzione e sviluppo dei Paesi dell’ area balcanica. Il progetto prevedeva la realizzazione di corsi di formazione a cura dell’ ICE e della Società Dante Alighieri per 72 tra i funzionari delle istituzioni balcaniche con lo scopo di sviluppare i rapporti economici con l’ Italia.
Il primo Convegno di lancio era stato aperto il 25 giugno a Roma dall’ Ambasciatore Bruno Bottai, Presidente della Società Dante Alighieri, secondo cui, la collaborazione tra l’ ICE e la“ Dante“ „è il processo più vasto di diffusione della lingua e della cultura italiana nei Paesi balcanici“.
L’importanza del Progetto era stata sottolineata anche dalle dichiarazioni fatte dall’Ambasciatore Umberto Vattani, Presidente dell’ICE: „Il Progetto si inserisce in una preziosa direzione strategica, politica, culturale ed economica, volta ad aiutare i Paesi dell’ area balcanica“ e dal Ministro Elio Menzione: „È una sinergia importante che può portarci al raggiungimento di un obiettivo co
mune: la promozione e la diffusione della lingua e cultura italiana all’ estero“. Alla prima giornata del Convegno sono intervenuti i rappresentanti delle Ambasciate degli otto Paesi coinvolti nel Progetto – Albania, Bosnia-Erzegovina, Bulgaria, Croazia, Macedonia, Montenegro, Romania e Serbia – e i delegati dei Comitati della“ Dante” impegnati nell’Area (tra cui la Prof.ssa A.Gjurcinova dall’ Istituto Dante Alighieri di Skopјe).
Nell’ambito della realizzazione del Progetto “Formazione e assistenza tecnica alle Pubbliche Amministrazioni balcaniche nel settore dell’ internazionalizzazione delle Piccole e Medie Imprese” altrettanto importante è stata la Conferenza di lancio del Progetto tenutasi il 16 ottobre 2008 a Skopje, nell’albergo Holiday Inn. A questa conferenza sono intervenuti S.E. l’ambasciatore Umberto Vattani, presidente dell’ICE, il Dott. Alessandro Masi, segretario generale della Dante Alighieri di Roma, S.E. Donatino Marcon, l’ambasciatore d’Italia a Skopje, il Dott. Metodij Hadzi-Vaskov, Vice Ministro dell’economia nel governo macedone, la Dott.ssa Marina Damaggio, dirigente Area Progetti dell’ICE, la Dott.ssa Costanza Menzinger, responsabile per la glottodidattica del PLIDA alla Società Dante Alighieri di Roma e il Dott. Ivan Iliev, rappresentante dell’Agenzia macedone per gli Investimenti Esteri, beneficiaria del Progetto. Furono presenti anche i membri del Comitato e numerosi collaboratori dell’Istituto Dante Alighieri di Skopje. Durante il soggiorno delle delegazioni dell’ ICE e della“Dante” di Roma si sono rafforzati i loro rapporti con il Comitato della Dante Alighieri di Skopje, con l’annuncio di una serie di progetti per la futura collaborazione nell’ambito della promozione della lingua e della cultura italiana in Macedonia.
L’ Istituto Dante Alighieri di Skopje ha aderito con grande entusiasmo e impegno alla realizzazione del Progetto Legge 84/01, che si può confermare con la felice realizzazione di un Corso intensivo d’italiano commerciale consistente in 100 ore della durata di due mesi, dal 1 aprile al 1 giugno 2009. Il corso è stato curato dalla prof.ssa Ljiljana Uzunovic e frequentato da tre impiegati nella Pubblica Amministrazione macedone, ormai beneficiari di un soggiorno in Italia. “A nome di tutti i partecipanti nel programma, colgo l’occasione di esprimere la mia gratitudine per l’opportunità di perfezionare le conoscenze d’italiano e della comunicazione commerciale. Un ringraziamento particolare alla Società Dante Alighieri di Skopje e alla prof. Liljana Uzunovic, per il suo approccio serio e molto professionale – ha dichiarato Ivan Iliev, uno dei partecipanti al programma.” Il Progetto si è concluso con l’ esame PLIDA commerciale, realizzato nella sede del Comitato di Skopje nella sessione di giugno 2009.
Dragana Kazandziovska
Друштвото„Данте Алигиери“ од Рим прави постојани напори да воспоставува односи на соработка со разни институции, особено на полето на нови форми во ширењето на италијанскиот јазик и култура. Во тој поглед е особено значајна соработката на Друштвото„Данте Алигиери“ со Италијанскиот Институт за Надворешна Трговија (ICE).
Италијанскиот Институт за Надворешна Трговија е Агенција создадена од Владата на Република Италија со цел да ја под¬држи интернационализацијата на италијанските компании и да ги поттикне нивните односи со странските компании. Основан во 1926 година со седиште во Рим, ICE оствари голем успех во однос на промоцијата на италијанските компании на светскиот пазар. Тоа го потврдува фактот што денес ICE е при¬сутен во 86 земји во светот, меѓу кои и во Македонија, преку Канцеларијата во Скопје, отворена на 1 јуни 2000 година.
Еден од позначајните проекти коишто „Данте“ ги реализира во соработка со ICE е проектот: Обука и техничка помош на јавната администрација од Балканските земји во секторот на интернационализација на мали и средни претпријатија, којшто е дел од спроведувањето на италијанскиот Закон бр. 84/2001, а кој се однесува на учеството на Италија во про¬цесот на стабилизација, реконструкција и развој на земјите од балканскиот регион. Проектот вклучува организирање на курсеви по италијански јазик за обука на 72 вработени во јавната администрација на балканските земји, со цел – интензивирање на економските односи со Италија.
Проектот беше инаугуриран на 25 јуни во Рим, со обраќањето на амбасадорот Бруно Ботаи, претседател на здружението „Данте Алигиери”, според кој, соработката меѓу ICE и „Данте” е „најзначајниот процес на ширење на италијанскиот јазик и култура во балканските земји“.
Големото значење на Проектот беше потврдено и со изјавите на амбасадорот Умберто Ватани, претседател на ICE: „Проектот се одвива во значајна стратешка, политичка, културна и економска насока, која води кон поддршка на земјите од балканскиот регион“, како и на министерот Елио Менционе: „Ова е одлична соработка која може да ја оствари нашата заедничка цел: промоција и ширење на италијанскиот јазик и култура во странство“. На собирот учествуваа и дипломатски претставници на земјите вклучени во Проектот – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Романија и Србија, како и делегати од претставништвата на „Данте” присутни во земјите од регионот (меѓу кои и проф. д-р А. Ѓурчинова од Институтот Данте Алигиери од Скопје).
Во врска со отпочнувањето на реализацијата на проектот: Обука и техничка помош на јавната администрација од Балканските земји во секторот на интернационализација на мали и средни претпријатија, подеднакво значајна е и Конференцијата одржана на 16 октомври 2008 во Скопје, во
хотелот Холидеј Ин. На оваа конференција настапија амбасадорот Умберто Ватани (претседател на ICE од Рим), г-дин Алесандро Мази, (генерален секретар на друштвото Данте Алигиери од Рим), амбасадорот на Р. Италија во Македонија, г-дин Донатино Маркон, г-дин Методиј Хаџи-Васков (заменик-министер за економија во Владата на РМ), г-ѓа Марина Дамаџо (раководител на секторот-проекти во ICE), г-ѓа Костанца Менцингер (одговорна за испитите ПЛИДА во „Данте Алигиери” од Рим) и г-дин Иван Илиев, претставник на Агенцијата за странски инвестиции во Скопје, а присуствуваа и многубројни претставници од Институтот Данте Алигиери од Скопје. За време на престојот на делегациите на ICE и на Друштвото „Данте Алигиери” од Рим беа зацврстени нивните односи на соработка со Институтот Данте Алигиери од Скопје, преку најава на низа нови проекти на полето на промоцијата на италијанскиот јазик и култура во Македонија.
Институтот Данте Алигиери од Скопје, со огромно задоволство и ентузијазам пристапи кон реализацијата на Проектот базиран на законот 84/01, што може да се потврди со реализацијата на интензивниот курс по деловен италијански јазик во обем од 100 часови, реализиран во периодот од 1.04 до 1.06. 2009 година, под раководство на проф. Лилјана Узуновиќ. Двомесечниот интензивен курс беше посетуван од тројца вработени во јавната администрација во Македонија, кои станаа дел од овој проект и во чии рамки веќе остварија и престој во Италија. „Во име на сите учесници во програмата би сакал да се заблагодарам за можноста за надградба на познавањето на италијанскиот јазик и бизнис комуникацијата. Стекнатите знаења сигурно ќе бидат искористени во размена на нови животни и професионални искуства. Посебна благодарност до друштвото Данте Алигиери-Скопје и проф. Љиљана Узуновиќ, за високо професионалниот пристап за време на курсот“ – изјави Иван Илиев, еден од учесниците во програмата. Проектот е заокружен со полагањето на завршниот испит за сертификатот деловен ПЛИДА, одржан во седиштето на Институтот во Скопје, во јунската сесија 2009 г.
Драгана Казанџиовска