Istituto Dante Alighieri, Skopje

НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР ЕСЕЈ НА ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК
во рамките на
мултимедијална работилница на тема:
На патување со Данте – In viaggio con Dante

По повод одбележувањето на 15 годишнината од основањето,
Институтот Данте Алигиери – Скопје организира еднодневна мултимедијална работилница на тема: На патување со Данте – In viaggio con Dante.
Целта на оваа работилница е интерактивно да се приближи до младите италијанскиот јазик и култура.
Содржина:
– креативно пишување:
Награден конкурс за најдобар есеј поврзан со темата на работилницата
(темата за есејот ќе биде во согласност со културните аспекти на Италија, совладани при изучувањето на италијанскиот јазик на ниво А2).
– визуелно претставување пригоден филм Maratona infernale –In viaggio con Dante
– сугестивно запознавање “На ручек кај Данте“ (истражувачки проект на сцени и епизоди од „Божествената комедија“)

Услови: ***право на учество :
возраст: 15-19 год.
ниво на познавање на италијански јазик: А2 (без остварен престој во Р.Италија)
– пријавување
електронски на: ladante.skopje@gmail.com (со пополнување на пријава)
– време:
26.04.2014 (сабота), 10.30 – 14.30 часот
17 mart место:
Италијанско-македонски мултимедијален Центар при Филолошки Факултет “Блаже Конески“, бул. Гоце Делчев, 9а, Скопје

www.ladante.mk